
РК Вардар и официјално потврди дека капитенот Гоце Георгиевски ќе остане во клубот и во следната сезона, која воедно ќе биде и последна во неговата богата кариера.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Искусниот ракометар своите први професионални чекори ги направи во РК Металург, по што интернационалната кариера ја продолжи во Франција и Романија, настапувајќи за клубови од Тулуз и Букурешт. Во редовите на Вардар пристигна во сезоната 2020/21 и брзо стана еден од лидерите на тимот.
Од клубот не го криеја задоволството што капитенот ќе стави крај на кариерата токму во „црвено-црниот“ дрес.
„РК Вардар е неизмено горд што нашиот капитен го продолжи договорот за уште една сезона и својата кариера ќе ја заврши во нашиот клуб! Се надеваме со уште поуспешна сезона од актуелната!“, соопштија од Вардар.
Со продолжувањето на соработката со Георгиевски, Вардар продолжува со креирањето на ростерот за следната сезона, во која ќе ја брани двојната домашна круна. Претходно нов договор со клубот потпиша и тренерот на голманите Марио Келентриќ.