Дома Фудбал Огромни проблеми пред Светското: Пет репрезентативци имаат проблеми со визите

Огромни проблеми пред Светското: Пет репрезентативци имаат проблеми со визите

Помеѓу помалку од месец дена остана до почетокот на Светското првенство во фудбал каде оваа година домаќини ќе бидат САД, Канада и Мексико, а првиот натпревар помеѓу Мексико и Јужна Африка е закажан за 11 јуни со почеток во 21 часот по средноевропско време.

Има и репрезентации кои се соочуваат со проблеми од административна природа.

Петмина од репрезентативците на Ирак имаат проблеми со визите, поточно одбиени им се американските визи.

Светските медиуми пренесуваат дека станува збор за репрезентативци кои се стандардни во селекцијата на Ирак и треба да се најдат на списокот на оваа селекција за Светското првенство.

Имињата не се откриени поради приватност, но и заради спроведување на следните административни активности.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо повторно се спаси, па го „пецна“ еден од најдобрите: Не си незаменлив

Вистинска драма се одвиваше вечерва на натпреварот помеѓу Елче и Реал Мадрид, но со малку …