
Карло Анчелоти го објави официјалниот прелиминарен список на Бразил за Светското првенство 2026 година, каде што е вклучен и Нејмар.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според извори, селекторот на Бразил доставил до ФИФА список со 55 имИња, од кој подоцна овој месец ќе ги избере конечните 26 кои ќе патуваат во Северна Америка.
Во составот се вклучени Нејмар и Винисиус Жуниор како дел од подготовките на бразилската репрезентација за турнирот кој ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, додека Габриел Жезус од Арсенал не се најде на списокот.
Според објавените информации кон крајот на април, Карло Анчелоти треба да го објави својот конечен избор за една недела, на 18 мај (понеделник).
Се вели дека селекторот веќе речиси го составил изборот, и му останува само да се одлучи за уште двајца фудбалери.
Список на играчи:
Голмани: Алисон, Едерсон, Пинто, Уго Соуза, Џон, Карлос Мигел.
Одбрана: Маркињос, Тиаго Силва, Габриел Магалаес, Бремер, Лео Переира, Ибањез, Алекс Сандро, Фабрицио Бруно, Бералдо, Витор Реис, Мурило, Весли, Данило, Пауло Енрике, Витињо, Даглас Сантос, Лусијано Жуба, Кајо Енрике, Каики, Карлос Аугусто.
Среден ред: Каземиро, Бруно Гимараес, Фабињо, Андре Сантос, Данило, Лукас Пакета, Габриел Сара, Жоао Гомеш, Андреас Переира, Жоелинтон, Герсон, Матеус Переира.
Напад: Винисиус Жуниор, Нејмар, Ендрик, Рафиња, Матеус Куња, Луис Енрике, Габриел Мартинели, Жоао Педро, Естеван, Рајан, Антони, Игор Тиагo, Педро, Ришарлисон, Игор Жезус, Кајо Жорже.