Дома Фудбал Артета за одлуката на ВАР која можеби го реши шампионатот: Големо, но праведно решение!

Артета за одлуката на ВАР која можеби го реши шампионатот: Големо, но праведно решение!

Арсенал го победи Вест Хем во гостување со 1:0 во 36. коло од Премиер лигата и е многу блиску до титулата првак на Англија, која ја чека 22 години. Леандро Тросар ја пресуди во 83. минута, но ако „топџиите“ го освојат првенството, а „чеканите“ испаднат од лигата, што е сега реално, вечно ќе се зборува за ситуацијата од 95. минута.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Калум-Вилсон тогаш постигна гол за 1:1, гостите побараа фаул во нападот врз голманот Раја, ВАР собата долго размислуваше, судијата Крис Кавана доби покана да ја види оваа ситуација и на крајот беше донесена одлука дека голот не важи.

Овој момент веројатно ќе ја обликува судбината на целото првенство, навивачите на Арсенал слават, титулата сега е толку блиску и сè што треба да направи овој тим е да го победи Барнли дома и Кристал Палас на гости.

Беше пеколна недела, вистински ролеркостер. Знаевме дека играме против тим кој се бори за опстанок, клуб со голема историја. Имавме три големи шанси на почетокот и не ги искористивме. Моравме да ја менуваме формацијата поради повредата на Бен Вајт. Вложивме сè што имавме и од клупата направивме разлика. Мартин Едегард создаде одлична акција за Тросар. Тука беше одличната интервенција на Раја, а потоа апсолутен хаос во шеснаесетникот. Постигнаа гол, но ВАР го разгледа. Тоа беше голема одлука, но јасно праведна. Мојот прв инстинкт беше дека беше фаул“, изјави Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо има два услови за да го преземе Реал Мадрид

Обрчот околу Жозе Мурињо во Реал Мадрид се стегнува. Како што објавува „Ас“, Португалецот …