Дома Фудбал Работнички и Македонија Ѓорче Петров од денеска се второлигаши!

Работнички и Македонија Ѓорче Петров од денеска се второлигаши!

По денешните натпревари од Првата македонска фудбалска лига стана јасно дека Работнички и Македонија Ѓорче Петров следната сезона ќе настапуваат во Втората лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Работнички на гостувањето кај Брера добро го отвори натпреварот и уште во првата минута преку Хоџа стигна до предност. Сепак, домаќините брзо возвратија, па веќе во третата минута Величковски го израмни резултатот на 1-1.

До крајот на првото полувреме Брера успеа целосно да го сврти резултатот, а повторно стрелец беше расположениот Величковски. Тимот од Дебар Маало долго време се обидуваше да се врати во игра, а бод освои дури во самиот финиш кога Бошнаков погоди за 2-2. Но, и покрај освоениот бод, Работнички остана без шанси за опстанок поради послабиот меѓусебен скор со Пелистер.

Македонија Ѓорче Петров, пак, ги загуби и теоретските надежи за спас откако на домашен терен доживеа убедлив пораз од Тиквеш со 4-1. Гостите одиграа сигурен натпревар и постигнаа по два гола во двете полувремиња, додека домаќините успеаја само да го намалат резултатот во завршницата.

Во третиот денешен натпревар, Арсими и Башкими ги поделија бодовите, откако ремизираа со резултат 1-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зборови кои сите ги чекаа, Симеоне го спореди Алварез со Гризман

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, повторно истакна дека смета на Хулијан Алварез…