
Фудбалскиот клуб Тиквеш се соочува со забрана за регистрација на нови играчи, откако не ги подмирил финансиските обврски кон фудбалерот Филип Михаљевиќ.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според информациите од ФИФА, клубот од Кавадарци нема да може да регистрира засилувања сè додека не ги исплати долговите или најмногу во период од три трансферни прозорци. Од ФИФА е испратено и барање оваа одлука веднаш да се спроведе и на национално ниво.
Покрај овој случај, Тиквеш неодамна имал проблеми и во младинските категории. Поради користење фудбалери со невалидни легитимации на натпреварот против Скопје, клубот доби казна од ФФМ во износ од 1.000 евра, како и одземање на три бодови во Младинската Супер лига.