Дома Фудбал Карагер пред две години пијан го навредуваше Енрике, сега му се извини

Карагер пред две години пијан го навредуваше Енрике, сега му се извини

ПСЖ го елиминираше Баерн Минхен и обезбеди учество во финалето на Лигата на шампионите по втор пат по ред, но во студиото на ЦБС Спорт главна вест беше долгоочекуваното помирување.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Откако францускиот шампион си обезбеди место во големото финале на Лигата на шампионите, експертот и легендата на Ливерпул, Џејми Карегер, ја искористи можноста јавно да му се извини на тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, за контроверзниот инцидент од 2024 година.

Да се потсетиме, во полуфиналето на Лигата на шампионите во 2024 година меѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ, Карегер се придружи на навивачите на познатиот „Жолт ѕид“.

Видливо под влијание на алкохол, призна во преносот дека испил осум кригли пиво, и дојде во студиото носејќи шал на Борусија Дортмунд.

Ова длабоко го навреди шпанскиот стратег, кој тогаш демонстративно ја напушти микс-зоната, одбивајќи да разговара со тимот на ЦБС.

Две години подоцна, мразот конечно беше скршен. За помирувањето се погрижи Мика Ричардс, кој го искористи присуството на претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, за да организира средба.

“Не барам многу. Бидејќи Карегер не престанува со приказните, Луис Енрике не сака да разговара со нас. Можеш ли да го замолиш да ни покаже почит?”, го праша Ричардс претседателот на Париз.

Ал-Келаифи го исполни ветувањето, го доведе Енрике пред камерите и рече: “Најдобриот тренер во светот е тука”, по што следеше извинувањето од Карагер.

Очигледно расположен, но и засрамен од настаните од минатото, Карегер ја презеде иницијативата.

“Луис Енрике, сакам да се извинам за моето однесување во Дортмунд во 2024 година. Носев шал на Дортмунд, но понекогаш, како што сите знаеме, кога ќе се напиеме, забегуваме. Твојата екипа ни остави впечаток и беше задоволство да ве гледаме овие две години. Честитки за повторното влегување во финалето!”

Шпанскиот тренер го прифати извинувањето со насмевка, велејќи му на Англичанецот дека не мора да се извинува, со што официјално се заврши еден од најкомичните конфликти во новата историја на спортското новинарство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алисон е минато: Србин ќе го брани голот на Ливерпул?

Алисон Бекер по осум години го напушта Ливерпул и ја продолжува кариерата во Јувентус, а 3…