Дома Фудбал Изненадување: Нов пресврт во ситуацијата со Влаховиќ!

Изненадување: Нов пресврт во ситуацијата со Влаховиќ!

Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ ги замрзна преговорите за продолжување на договорот со Јувентус бидејќи ги чека понудите од Барселона и Баерн.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Влаховиќ беше на чекор блиску до останување во Јувентус. Но, преговорите за продолжување на соработката замрзнаа и засега нема нови состаноци на повидок.

Српскиот напаѓач одлучи да почека и да ги разгледа сите опции. Неговата желба е да се приклучи во Барселона или Баерн, каде е подготвен да прифати улога на резервен играч.

“Душан Влаховиќ ги замрзна преговорите со Јувентус. Ги чека Барселона или Баерн,” пишува Sport и додава:

За Барселона не е приоритет, но интересот постои, бидејќи е спремен да ја намали платата и да биде резервна опција доколку Роберт Левандовски замине ова лето.”

Слична судбина би го чекала и во Баерн. Поради присуството на Хари Кејн, не би добивал многу играчки минути, но очигледно е подготвен да ја прифати улогата на втор избор и да се бори за минути на теренот.

26-годишниот напаѓач беше поврзуван и со Милан. Меѓутоа, Росонерите се чини дека се откажаа, насочувајќи се кон други можности, што му ја остава опцијата да се врати во Јувентус, каде би бил прв избор во нападот, или да ги разгледа несигурните алтернативи Барселона и Баерн каде тој е само една од можните опции.

Ако навистина избрал да биде резервна опција, тоа покажува недостаток на амбиција. Во најдобрите години не се седи на резервната клупа.

Влаховиќ пристигна во Јувентус од Фиорентина во јануари 2022 година. Трансферот чинеше неверојатни 84 милиони евра, сума која се уште не ја оправдал целосно.

Иако имаше многу добри настапи во дресот на Старата дама, тие не беа на нивото потребно за освојување на трофеи. Според многумина навивачи на Бјанконерите, не е играчот кој прави разлика на теренот.

Овој развој на настаните изненади и дел од италијанската јавност. Во време кога Јувентус гради нова спортска политика и сака повторно да се искачи на врвот на италијанскиот и европскиот фудбал, се очекуваше дека Влаховиќ ќе биде една од клучните фигури во проектот.

Место тоа, српскиот напаѓач испраќа порака дека му е позагарантирана иднината како резервна опција во големи клубови како Барселона или Баерн, наместо да се гради како лидер во Торино.

Времето ќе покаже дали одлуката „да чека голем повик“ ќе биде потегот што ќе ја дефинира неговата кариера или ќе биде пропуштена можност. Во денешниот фудбал трпението на клубовите е минимално, конкуренцијата е огромна, а навивачите сè помалку толерираат играчи кои не ги исполнуваат очекувањата.

Ако остане во Јувентус, ќе мора да докаже дека вреди вложениот труд и доверба, а ако дојде до трансфер, сигурно е дека во Барселона или Баерн неговата маргина на грешки ќе биде минимизирана.

Влаховиќ има одиграно 165 натпревари во дресот на Јувентус, постигнувајќи 65 голови и 16 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Страв од нерегуларности: Мундијалот сè поблиску, контроверзиите сè поголеми“

Да се потсетиме на сомнителниот пенал кој ПСЖ го доби на Паркот на Принцовите и оној што А…