Дома Фудбал Силекс и Шкендија ќе играат во финалето од Купот на Македонија!

Силекс и Шкендија ќе играат во финалето од Купот на Македонија!

Силекс обезбеди пласман во финалето од Купот на Македонија, откако на домашен терен во Кратово со минимални 1-0 го совлада ГФК Охрид Лихнидос во реванш полуфиналето.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Кратовчани беа поопасниот ривал во првиот дел и создадоа повеќе зрели шанси, а имаа и две можности од белата точка. Најпрво Ади Алиќ не успеа да реализира пенал, откако неговиот удар беше одбранет од Серафимов, но затоа Дарко Додев не погреши и во 34. минута донесе водство од 1-0, резултат со кој се замина и на пауза.

Во второто полувреме, Силекс продолжи да доминира и да создава шанси, но без конкретна завршница. Гостите од Охрид се обидоа да возвратат во финишот, сепак не успеаја посериозно да го загрозат противничкиот гол.

Со овој триумф, Силекс си закажа финална пресметка со Шкендија, која беше сигурна против Шкендија Арачиново и во реваншот славеше со 2-0.

Иако тимот од Арачиново долго време одолеваше, тетовци го скршија отпорот во самиот финиш. Спахиу во 86. минута со удар од дистанца го отвори резултатот, а само две минути подоцна Ндезенге стави точка на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул донесе конечна одлука за Слот и ги изненади сите!

Раководството на Ливерпул направи потег кој предизвика многу коментари меѓу навивачите и ф…