Дома Фудбал Американските хотели го обвинија Инфантино дека лаже: Имаме дури и помалку резервации!

Американските хотели го обвинија Инфантино дека лаже: Имаме дури и помалку резервации!

ФИФА го најави Светското првенство како голем економски подем за Соединетите Американски Држави, но пет недели пред почетокот на турнирот, хотелската индустрија известува дека резервациите во некои градови домаќини се на ниво на обичен летен период или дури и пониско. Според истражување објавено во понеделник, многу хотелски менаџери го опишуваат турнирот како „настан без вистински ефект“, пишува Forbes.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Истражувањето на Американската асоцијација на хотели (AHLA) покажува дека речиси 80% од американските хотелиери во 11-те градови домаќини на Светското првенство изјавуваат дека резервациите се под првичните прогнози. Само четвртина од анкетираните забележуваат „значајно зголемување“, и тоа претежно во градовите со силна летна побарувачка или кои се базни кампови за репрезентации.

Слична слика покажува и извештајот објавен минатата недела од Oxford Economics. Иако американските градови домаќини „ќе забележат одреден раст на БДП ова лето“, фокусиран на секторите за забава и угостителство, тоа „нема да има значително влијание“ на вкупната вработеност и економскиот профит во оваа година.

Иако САД се очекува да добијат економска корист од домаќинството, јасно е дека побарувачката не достигнува ни приближно близу до „104 Светски првенства во американски фудбал“, како што минатата година вети претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. „Таа изјава не беше точна кога беше дадена, а нема ни да се реализира“, изјави за Форбс Јан Фрејтаг, национален директор за хотелскиот пазар во компанијата CoStar.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Ѕвездите на ПСЖ беа пречекани со жестока порака во Минхен

Минхен вечерва гори и Алијанц Арена е подготвена за спектакл каков што ретко се гледа, бид…