Дома Фудбал Митко Јанчев се огради од критиките на „Лозари“ кон ФФМ

Митко Јанчев се огради од критиките на „Лозари“ кон ФФМ

По реакциите и транспарентот што навивачите на Тиквеш го истакнаа на последниот натпревар, денеска се огласи првиот човек на клубот и кавадаречки градоначалник Митко Јанчев, кој преку социјалните мрежи испрати порака со појаснување на ставовите околу случувањата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Јанчев во своето обраќање се дистанцира од критиките насочени кон Фудбалската федерација на Македонија, нагласувајќи дека клубот има коректна и професионална соработка со претседателот Масар Омерагиќ.

Тој посочи дека во изминатиот период Тиквеш постигнал значајни резултати, од влез во Првата лига, преку обезбедување опстанок, па сè до настапи на европска сцена, што според него придонело за враќање на фудбалската атмосфера во Кавадарци.

„Како градоначалник на општина Кавадарци која е доминантен сопственик на ГФК ТИКВЕШ, во изминатите години клубот го водиме кон успех кој се издвојува преку влегувањето во првата македонска лига, опстанок во истата, излегувањето во европската лига, како и враќањето на спортскиот фудбалски дух во нашето Кавадарци.

Како градоначалник и доминантен сопственик на клубот се оградувам и најостро го осудувам нападот кон ФФМ и најодговорно и професионално тврдам дека ниту една политичка партија ниту пак функционер досега нема никакво влијание во работењето на ФФМ и спортските клубови, односно ГФК ТИКВЕШ 1930 Кавадарци.

Помеѓу ФФМ, ГФК ТИКВЕШ и Митко Јанчев има одлични релации и соработка како во професионалниот дел така и во подигање на спортската култура во градот и младинските категории. Досега заедно со претседателот на ФФМ г-динот Масер Омерагиќ не сме имале никакви недоразбирања туку секогаш сме дејствувале исклучиво во интерес на фудбалот.

Се оградуваме и ги осудуваме сите навреди упатени кон ФФМ и кон клубот, од страна на поединци кои што се дел од фудбалските клубови во првата македонска фудбалска лига. Како доминантен сопственик заедно со останатите акционери ќе ја разгледаме потребата и можноста за промени како во стручниот штаб така и во самата управа на клубот.

Познати по нашата спортска транспарентност, квалитет и успешност пред се пред својата кавадаречка публика претставувајќи ги боите на ГФК ТИКВЕШ ќе продолжиме со крената глава кон нови спортски успеси, чесно и поштено!“, стои во објавата.

Јанчев во пораката дополнително нагласува дека клубот ќе продолжи со работа во насока на стабилност и резултати, а најави и можни промени во управата и стручниот штаб, во зависност од потребите на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Страшна трагедија: „Монстер трaк“ влета во публика, има и загинати! (Вознемирувачко видео)

Според првичните информации, загинале најмалку две лица, а повеќе од 30 луѓе се повредени.…