Дома Боречки спортови Македонските кикбоксери денеска го почнуваат силниот Европски куп во Вараждин!

Македонските кикбоксери денеска го почнуваат силниот Европски куп во Вараждин!

Од денеска до 3 мај, во хрватскиот град Вараждин ќе се одржи Европскиот кикбокс куп „Вараждин Опен 26“, под покровителство на ВАКО, кој важи за еден од најпрестижните турнири на европската кикбокс сцена.

Годинава натпреварувањето ќе обедини учесници од 31 држава, со вкупно 299 клубови и 1823 кикбоксери, кои ќе настапат во 2841 натпреварувачки влезови. Се очекуваат врвни борби, силна конкуренција и висок спортски квалитет.

Македонија ќе има значајно присуство на овој настан, предводена од претседателот на Кикбокс маитаи федерацијата, Дејан Митровски Урко. Националниот тим ќе брои 38 натпреварувачи (34 на ВАКО Европскиот куп ВАРАЖДИН 26 и 4 на Вараждин опен 26) и 11 тренери, кои ќе ги бранат боите на државата преку 11 македонски клубови.

Овој настан претставува одлична можност за македонските кикбоксери да се натпреваруваат на високо ниво, да стекнат меѓународно искуство и да ги потврдат своите квалитети на европската сцена.

„Македонските кикбоксери се максимално подготвени и мотивирани да го дадат својот максимум во Вараждин. Очекувам жестоки и квалитетни борби, во кои нашите натпреварувачи ќе покажат карактер, дисциплина и победнички дух. Се надевам на настап без повреди и на освојување на голем број медали. Овој турнир има дополнителна тежина, бидејќи носи бодови за европското рангирање, што е силен мотив плус за сите.

И покрај тешката финансиска состојба во федерацијата и ограничените средства со кои располагаат и федерацијата и клубовите, со големи напори со приватни средства успеавме да обезбедиме бројна експедиција од речиси 50 луѓе. Тоа само по себе покажува колкава е желбата и посветеноста на нашите спортисти да ја претставуваат Македонија на највисоко ниво“, изјави претседателот на федерацијата, Дејан Митровски – Урко

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Боречки спортови

Проверете

Боксот се сели во Прилеп: Ронин 2024 го организира шестото коло

Прилеп во недела ќе биде домаќин на шестото коло во двете домашни бокс-лиги. Ронин 2024 ја…