Дома Фудбал Инфантино го даде одговорот кој целиот свет го чекаше!

Инфантино го даде одговорот кој целиот свет го чекаше!

Шпекулациите завршија! Фудбалската репрезентација на Иран, чие учество на претстојното Светско првенство беше доведено во прашање поради вооружени конфликти на Блискиот исток, сепак ќе биде дел од светската смотра.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Оваа вест ја потврди претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино, кој додаде дека Иранците ќе ги играат своите натпревари на територијата на САД, бидејќи фудбалот е тој што треба да обединува.

“Да ги разјасниме работите веднаш, за оние кои пишуваат или зборуваат поинаку: секако дека Иран ќе учествува на Светското првенство. И секако дека ќе ги игра натпреварите во САД. Причината е едноставна: фудбалот мора да обединува. Наша должност е да ги приближуваме луѓето”, изјави Инфантино.

Потоа продолжи да објасни дека светот е доволно поделен и дека нашата задача е да го надминеме тоа.

“Доволно проблеми има на целата планета. Има доволно луѓе кои се обидуваат да нè разединат секаде. Ако никој не се труди да не сплоти, што ѝ останува на оваа планета? Треба да го пробаме тоа, кога веќе имаме таква можност”, кажа тој.

Репрезентацијата на Иран ќе игра во групата Г со Нов Зеланд, Белгија и Египет, првите два натпревари ги играат во Лос Анџелес, а третиот во Сиетл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси непријатно го изненади Баерн Минхен за Џексон

Германскиот гигант одлучи да не го откупи договорот на сенегалскиот напаѓач, кој оваа сезо…