Дома Фудбал Официјално: Ангеловски повторно е селектор!

Официјално: Ангеловски повторно е селектор!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, се враќа во репрезентативниот фудбал и повторно ќе има улога на национален тренер, за првпат по заминувањето од кормилото на Македонија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ангеловски е именуван за нов селектор на Таџикистан, селекција со која ќе ги започне подготовките за настап на завршниот турнир од Азискиот куп во 2027 година, кој ќе се одржи во Саудиска Арабија.

По разделбата со македонската репрезентација, стратегот работеше на клупско ниво, предводејќи ги Горција, Каспиј и Етникос Ахна, а сега повторно се враќа на репрезентативната сцена. Неговата тренерска приказна започна во Работнички, каде што веднаш остави силен печат – ја освои шампионската титула во сезоната 2013/2014, како и Купот на Македонија, успех што го повтори и во наредната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пристигнаа ужасни вести за Новак Ѓоковиќ пред Вимблдон

Новак Ѓоковиќ го видовме изминатиот викенд на трката од Формула 1 во Барселона за Големата…