
Легендарниот германски голман Мануел Нојер изгради луксузна вила за десет милиони евра.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Ел Еспањол“ открива дека вилата е сместена во Тегернзе, ексклузивна локација 60 километри јужно од Минхен. Околината ја чинат планини и зеленило, со поглед на истоименото езеро. Тоа е област каде цените на имотите се движат над 20 илјади евра по квадрат.
Вилата е градена помеѓу 2015 и 2016 година, а чини околу десет милиони евра.
Станува збор за инвестиција што Нојер ја оправда со иновативен дизајн, а голем дел од трошоците заминаа за стабилизација на теренот поради опасност од свлечишта, како и за панорамска стаклена фасада која овозможува изобилство на природна светлина во внатрешноста.
Фотографијата од вилата можете да ја видите тука.