Дома Фудбал Сезоната за Јамал заврши!

Сезоната за Јамал заврши!

Настапот на Ламине Јамал, е завршен за оваа сезона поради повреда која ја здоби на синоќешниот натпревар против Селта од Вига. Официјалните резултати од медицинските прегледи веќе се објавени.

После завршениот преглед потврдено е дека првотимецот на Барселона има повреда на тетивата на левата нога.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Младиот крилен фудбалер поради ваквата повреда ја завршува сезоната, но се очекува дека ќе биде подготвен за претстојното Светско првенство во 2026 година.

Овие вести носат загриженост кај навивачите на Барселона, кои се вклучуваат во битката за освојување на титулата со Реал Мадрид, а сигурно е дека Јамал ќе го пропушти претстојниот Ел Класико кој може да биде решавачки за новиот или стариот шампион на Шпанија.

Ова претставува голем хендикеп за Каталонците, кои во моментов се борат за единствениот трофеј кој можат да го освојат сезонава, откако беа испаднати од шпанскиот Куп и Лигата на шампионите.

Во оваа сезона, Јамал одигра 45 натпревари за Барселона во сите натпреварувања, постигнувајќи 24 гола и остварувајќи 18 асистенции, додека за Шпанија на 25 настапи постигна шест гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голема штета: Германија остана без ѕвезда за Светското првенство

Фудбалерот на Баерн и репрезентативец на Германија, Серж Гнабри, соопшти дека поради повре…