Дома Фудбал Анчелоти во проблем: Бразилското „чудо од дете“ го пропушта Мундијалот?!

Анчелоти во проблем: Бразилското „чудо од дете“ го пропушта Мундијалот?!

Бразилската фудбалска ѕвезда Естевао, поради сериозна повреда на мускулот, најверојатно нема да настапи на Светското првенство. Играчот на Челси се повреди во натпреварот против Манчестер Јунајтед минатиот викенд, што значително го доведува во прашање неговото учество на турнирот кој започнува на 11 јуни, само два дена пред првата средба на Бразил против Мароко, пренесува The Athletic.

Магнетнатаа резонанца извршена во понеделникот потврди дека повредата е навистина сериозна. И во Челси пред прегледот постоеше страв од најлошото сценарио. Естевао ја доби повредата при поразот со 1-0 од Манчестер Јунајтед, напуштајќи го теренот на Стамфорд Бриџ уште во 16-тата минута. По натпреварот, тренерот на Челси, Лиам Розениор, изјави дека играчот бил разочаран и во солзи во соблекувалната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Оваа повреда веројатно значи и предвремен крај на дебитантската сезона за Естевао во Челси. Овој крилен фудбалер, кој притоа пристигна од Палмеирас во мај 2024 година, впечатливо ја оправда својата улога. Во 36 натпревари постигна осум голови и забележа четири асистенции, додека во Лигата на шампиони се истакна со три голови во седум натпревари. Неговиот гол за победа над Ливерпул во октомври е еден од светлите моменти за Челси оваа сезона.

Eстевео и во бразилската репрезентација на селекторот Карло Анчелоти добро се истакна. Има 11 настапи и постигна пет голови, од кои четири во последните четири натпревари.

За Естевао, оваа повреда е суров крај на сезoната во која честопати беше единствена светла точка за Челси. Со својата креативност, храброст и влијание на теренот, било тој да започне како стартер или од клупата, стекна доверба од соиграчите и љубов од навивачите. Неговото отсуство само ја комплицира ситуацијата во клубот кој веќе се соочува со недостаток на позитивни резултати и голови.

Проблемите со повреди во Челси се дополнителна компликација. Покрај Естевао, тимот се соочува и со повреди на Жоао Педро, Кејл Палмер и Џејми Гитенс, оставајќи го нападот скоро целосно на тројката: Алехандро Гарначо, Лиам Делап и Педро Нето. Никој од нив нема постигнато гол во Премиер лигата уште од јануари, кога Делап израмни при поразот против Фулам.

За самиот Естевао, пропуштањето на неговото прво големо натпреварување со Бразил по освоеното место во репрезентацијата претставува огромен удар. Челси до крајот на сезоната го очекуваат уште четири натпревари во Премиер лигата и полуфиналето на ФА купот против Лидс Јунајтед. Бразил, пак, на Светското првенство, покрај Мароко, во групата Б ќе се соочи и со Хаити и Шкотска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На клупата на Охрид денеска седеше голман од 64 години!

На натпреварот меѓу Охрид и Силекс (1-1) во рамките на Купот на Македонија, вниманието на …