
Како што пренесува Газета дело Спорт, Милан се откажа и од Душан Влаховиќ и од Роберт Левандовски.
Причината е, секако, парите. Двајцата фудбалери бараат премногу за годишни примања, а Милан не сака толку да плати.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Сепак, управата на “росонерите” го фрли погледот на напаѓачот на Атлетико од Мадрид. Александер Сорлот, корпулентниот Норвежанец е новата мета на клубот од Сан Сиро.
Сорлот оваа сезона играше помалку од час време по натпревар во просек. На 40 натпревари постигна 17 голови, некои од нив многу важни за Атлетико, и јасно е дека би бил водечки напаѓач во Милан и некој околу кого би се градела играта на тимот на Масимилијано Алегри.
Тој има 30 години, има променето многу клубови во текот на кариерата, а моменталната вредност му е 20 милиони евра. За Норвешка има одиграно 70 натпревари и постигнато 26 голови.