
Реал Мадрид ова лето речиси сигурно ќе го промени тренерот, а Флорентино Перез донесе одлука која дефинитивно ја запечати судбината на Алваро Арбелоа, а исто така даде главен фаворит за новиот тренер на кралскиот клуб.
Реал Мадрид минува низ многу турбулентен период откако овој тим испадна во четвртфиналето на Лигата на шампионите и веројатно ќе ја заврши втората година по ред без трофеј.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
До крајот на сезоната, ќе ги следиме „Кралевите“ уште само во Ла Лига каде што имаат шанса да дојдат до трофеј, но тоа ќе биде многу тешко со оглед на тоа дека Барселона моментално има девет бодови предност на табелата.
Уште една сезона за заборав предизвика големо незадоволство кај претседателот на клубот Флорентино Перез, кој најави промени во играчкиот кадар на лето, но изгледа дека прв ќе ја „плaти цената“ тренерот Алваро Арбелоа.
Медиумите во Шпанија пишуваат дека Перез дефинитивно одлучил на лето да донесе повторно поискусен тренер и не сака млад стручњак бидејќи смета дека му е потребен „стар лисец“ кој може да го врати Реал на врвот.
Тоа е јасна порака за Арбелоа дека од нов договор нема ништо и дека на лето може да бара нова работа.
Кога е во прашање новиот тренер на Реал, изгледа дека се знае кој е главниот фаворит да ја преземе жешката клупа на кралскиот клуб.
Тоа е Жозе Мурињо, кој покажа голема желба да се врати во Реал, каде во првиот мандат не се докажа премногу, и за него тоа би била неочекувана нова прилика да докаже дека заслужува да биде на чело на еден од најголемите клубови во светот.