Дома Фудбал Фудбалер на Реал Мадрид заврши во болница, изгубил шест килограми за две недели!

Фудбалер на Реал Мадрид заврши во болница, изгубил шест килограми за две недели!

Раул Асенсио, дефанзивецот на Реал Мадрид, е хоспитализиран поради сериозни стомачни проблеми.

Од кралскиот клуб го потврдија ова и објаснија за што точно станува збор.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


“Нашиот фудбалер има дијагностициран бактериски ентероколитис. Се работи за воспаление на дигестивниот систем предизвикано од бактерии како Салмонела, Е. коли или Кампилобактер”, изјавија тие.

Такава состојба може да биде значително исцрпувачка за професионален спортист, бидејќи често вклучува тешка дехидрација, температура и стомачни болки.

Клубот се уште нема определено точен датум за неговото враќање, меѓутоа, закрепнувањето од бактерискиот ентероколитис обично трае од една до три недели, во зависност од сериозноста на инфекцијата и времето потребно играчот да ја врати својата физичка форма и килограмите загубени за време на болеста.

Исто така, познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо објави дека Асенсио за две недели изгубил дури шест килограми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Ова е листата на фудбалери кои ќе го напуштат Реал Мадрид!

Реал Мадрид се наоѓа на прагот на уште една сезона без трофеј. Само чудо може да им ја дон…