Дома Фудбал Модриќ постави три услови за останување во Милан

Модриќ постави три услови за останување во Милан

Како што се ближи расплетот на сезоната 2025/26 година, во редовите на Милан сè повеќе се дискутира за иднината на еден од најискусните фудбалери во соблекувалната. Прашањето што се наметнува гласи: дали Лука Модриќ ќе го носи црвено-црниот дрес и следната сезона? Искусниот плејмејкер пристигна во Милан минатото лето како слободен играч, по завршувањето на легендарното поглавје во Мадрид.

И покрај своите 41 години, Модриќ мошне брзо покажа дека може да игра на највисокото ниво – оваа сезона започна 30 од 32 официјални натпревари и беше еден од носителите на играта на Росонерите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, неговото останување не зависи единствено од неговата форма. Како што известуваат од Скај, Модриќ има три јасни услови кои клубот мора да ги исполни доколку сака да го задржи и по летото.

Првата и основна цел е пласман во Лигата на шампионите. Тоа е нешто што е под подразбирање за Милан, а Модриќ сака да биде важен фактор во тоа натпреварување, каде што во текот на кариерата остави длабока трага.

Вториот важен елемент е поврзан со тренерската позиција. Модриќ би сакал неговата иднина во клубот да ја поврзе со останувањето на Масимилијано Алегри, со кој воспоставил взаемна доверба.

Третиот услов се однесува на амбициите на клубот на трансфер пазарот. Модриќ бара јасни гаранции дека Милан ќе состави тим способен за борба на највисоко ниво во сезоната 2026/27 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почна „чистката“ во соблекувалната на Барселона, Флик дефинитивно ги отпиша пет фудбалери

Ханси Флик им порача на челниците на Барселона дека летово мораат да направат одредени про…