Дома Фудбал Шокантна реакција на легендарниот Ди Канио: Во емисија си ја раскрвари главата удирајќи ја од маса (Видео)

Шокантна реакција на легендарниот Ди Канио: Во емисија си ја раскрвари главата удирајќи ја од маса (Видео)

Познатиот поранешен фудбалер на Лацио и Вест Хем, Паоло Ди Канио, повторно се најде во центарот на вниманието на медиумите поради неверојатен инцидент за време на преносот за Лигата на шампионите на италијанскиот Sky Sports.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, овој 57-годишен експерт за спорт за време на дискусијата со водителката Федерика Масолин, ненадејно три пати ја удри својата глава од масата во знак на фрустрација.

Сцената ги остави во шок сите присутни во студиото, вклучувајќи го и легендарниот тренер Фабио Капело кој седеше покрај него.

Капело реагираше брзо кога увиде дека Ди Канио од силните удари го расече челото, додавајќи му марамче за да ја стопира крвта.

Водителката Масолин со неверување гледаше настанот со насмевка, додека видно потресениот Ди Канио се враќаше на своето место држејќи го марамчето на главата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА игра своја игра: САД домаќин и на мундијалот 2038 година?

Соединетите Американски Држави разгледуваат можност да аплицираат за домаќин на Светското …