Дома Фудбал Реакцијата на Мбапе по поразот од ЛШ ја потресе публиката. Ас: Видео кое боли да се гледа

Реакцијата на Мбапе по поразот од ЛШ ја потресе публиката. Ас: Видео кое боли да се гледа

Откако пристигна во Реал Мадрид пред две години во јуни, Килијан Мбапе успеа да освои само Интерконтинентален куп на ФИФА и Суперкуп на УЕФА. За напаѓач со вредност од 200 милиони евра (според Transfermarkt) во еден од најдобрите клубови на светот, ова е несовршена статистика. Неговата реакција по елиминацијата од Баерн (1:2, 3:4) во четвртфиналето од Лигата на шампионите стана тема и за шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Ова е одговорот на Мбапе по втората бесплодна година во Реал Мадрид: видеото е навистина болно да се гледа. Камерите веднаш се насочиja кон него кога судијата го означи крајот. Погледнете го изразот на лицето на Мбапе на крајот”, напишал Ас заедно со објавата на видеото кое можете да го погледнете ОВДЕ.

Мбапе досега одигра 98 натпревари за Реал, постигнувајќи 84 гола и 11 асистенции. И покрај овие бројки во дресот на мадридскиот гигант, победничките трофеи од Лигата на шампионите, Ла Лига, и Купот на кралот остануваат надвор од неговиот дофат…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалскиот свет чека „бел чад“ од Мадрид: Објавена информацијата колку пари Реал му понуди на Винициус

Најважната приказна од овој трансфер период е брилијантниот бразилски репрезентативец и ед…