Дома Фудбал Крај на приказната: Милан се ослободува од играчот за кого плати 19.000.000 евра?!

Крај на приказната: Милан се ослободува од играчот за кого плати 19.000.000 евра?!

Еквадорскиот лев бек Перис Еступињан никако не се снаоѓа во Милан, формацијата со тројца позади што ја форсира тренерот Макс Алегри не му одговара и се чини дека неговиот краток престој на „Сан Сиро“ ќе заврши ова лето.

Италијанскиот инсајдер Николо Шира тврди дека Милан веќе започнал акции за ослободување од играчот кому минатата година му плати 19.000.000 евра на Брајтон.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Отворени се разговори со неговиот агент, познатиот Жорж Мендеш, за да се најде решение пред почетокот на трансфер периодот.

Постојат интереси за него, како од Серија А, така и од странство, но клучниот проблем би можел да биде парите, бидејќи Милан тешко ќе ја поврати сумата што ја вложи во доведувањето на Еквадорецот кој има 28 години.

Еступињан пред Брајтон играше за Виљареал, а ова лето ќе го гледаме на Светското првенство во дресот на Еквадор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн го елиминира Реал Мадрид во спектакл од друг свет

Баерн (Минхен) стигна до полуфиналите во Лигата на шампионите по незаборавен дуел против к…