
Според официјалните информации, Истата вечер Ембид ќе биде подложен на операција во Хјустон, но дополнителни детали за неговата состојба засега не се објавени. Од клубот порачаа дека нови информации ќе бидат објавени кога тоа биде можно.
Овој неочекуван развој на настаните доаѓа непосредно пред дуелот против Рокетс во Тексас, кој е закажан за четврток навечер.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Претходно во текот на денот, новинарот Тони Џонс објави дека наутро Ембид не се чувствувал добро и поради тоа бил под медицински надзор, што подоцна било потврдено како посериозен здравствен проблем.
Отсуството на еден од најдобрите играчи во лигата претставува голем удар за Филаделфија, а се очекува дека неговото закрепнување и враќање на теренот ќе зависи од текот на постоперативниот процес.
— Филаделфија 76ерс (@sixers) 9 април, 2026