Дома Фудбал Порака од Јамал: Ништо не е готово!

Порака од Јамал: Ништо не е готово!

Ламин Јамал (18), ги охрабри навивачите по поразот од 2:0 против Атлетико Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, истакнувајќи дека екипата нема да се предаде. И покрај тежината на предизвикот што ги чека Каталонците, младата ѕвезда на клубот има доверба во пресврт.

По средбата во среда, Барселона се соочува со сложена задача. За да се пласираат во полуфиналето, тимот ќе мора на реваншот следниот вторник во Мадрид да го надомести резултатот и да победи со најмалку три голови разлика.

И покрај неповолниот резултат, Јамал остана оптимист и се обрати на социјалните мрежи неколку часа по натпреварот. “Сè уште не е готово, навивачи на Барселона. Во реваншот ќе дадеме се од себе… Обединети како секогаш,” напиша Јамал, кој оваа сезона има постигнато 21 гол и 16 асистенции во 42 натпревари за Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Активирана бомба на „Енфилд“, вкупен трошок до 140.000.000 евра!

Ливерпул конечно успеа да постигне договор со Пари Сен Жермен и Бредли Баркола ќе биде чет…