Дома Останати Тенис Ѓорческа во Мадрид ќе игра четвртфинале!

Ѓорческа во Мадрид ќе игра четвртфинале!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди место меѓу осумте најдобри на челинџер турнирот во Мадрид, откако нејзината ривалка Алина Корнеева беше приморана да се повлече на стартот од вториот сет.

Иако руската тенисерка, која се наоѓа на 122. позиција на ВТА-листата, важеше за фаворит и го доби првиот сет со 6-3, работите почнаа да се менуваат во продолжението. Ѓорческа одлично го отвори вториот сет со брејк и водство од 1-0, по што Корнеева поради повреда реши да го предаде мечот.

Со оваа победа, македонската тенисерка се пласираше во четвртфиналето, каде што ќе се соочи со Италијанката Лиза Пиџато, која моментално се наоѓа на 189. место на ВТА-листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се маскираше и „инкогнито“ се прошета низ Њујорк (Видео)

Новак Ѓоковиќ одлучи накратко да почувствува како е да се шета по улиците на Њујорк без да…