Дома Фудбал Хамес Родригез примен во болница во загрижувачка состојба

Хамес Родригез примен во болница во загрижувачка состојба

Хамес Родригез е примен и задржан во болница поради тешка дехидратација која бараше стручна нега.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Монако и Евертон се врати во Минеаполис од последното собирање на репрезентацијата на Колумбија во загрижувачка состојба, по што во неговиот клуб Минесота Јунајтед одлучија да го испратат на испитувања.

Установено е „тешка дехидратација која бараше болничко лекување“.

„Важно е да се нагласи дека оваа ситуација нема врска со мускулни или коскени повреди, ниту е поврзана со неговите фудбалски активности“, се наведува во соопштението на клубот.

„За среќа, најновиот медицински извештај покажува позитивен тек на опоравување и постојано подобрување.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси и Манчестер Јунајтед во трка за трансфер на Хакобо Рамон

Челси и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за трансфер на младиот дефанзивец Хакобо Рамо…