Дома Фудбал Миовски во Ренџерс се врати со гол! (Видео)

Миовски во Ренџерс се врати со гол! (Видео)

Македонскиот интернационалец Бојан Миовски на одличен начин се врати во клупските обврски, откако се запиша во листата на стрелци во дресот на Глазгов Ренџерс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Напаѓачот доби шанса во финишот од натпреварот против Данди Јунајтед и не ја пропушти. Во 85. минута со сигурна реализација стави печат на победата од 4-2, практично решавајќи го прашањето околу победникот.

Ова за Миовски е петти гол во актуелната сезона во шкотското првенство, со што македонскиот репрезентативец продолжува да има важна улога и забележителен придонес во составот на „полицајците“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тухел збесна, па ја исмеваше ФИФА: Можеби Кејн треба да му се јави на Трамп

Селекторот на Англија, Томас Тухел, не го криеше задоволството по драматичната победа на н…