Дома Фудбал Беше ѕвезда на Бундеслигата и пред трансфер во Милан – сега не личи на фудбалер! (Фото)

Беше ѕвезда на Бундеслигата и пред трансфер во Милан – сега не личи на фудбалер! (Фото)

Виктор Бонифејс, во дресот на Баер Леверкузен едно време беше меѓу најдобрите напаѓачи во светот. Со непрекинато постигнување голови, тој стана клучна фигура во шампионскиот тим на Чаби Алонсо, но последователно следеше остар пад на формата. Нигерискиот напаѓач, кој сега се обидува да ја оживее својата кариера во Вердер од Бремен, е далеку од својата некогашна форма.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За Вердер, Бонифејс одигра 11 натпревари без постигнат гол, а притоа се соочи и со повреда на коленото. Сега е надвор од составот поради физичка неспремност. Во јавноста кружеа и фотографии кои наводно го прикажуваат со значително зголемена тежина, што го потврди и тренерот на бременскиот клуб, Даниел Тијоне.

„Јасно е дека има вишок килограми. Тој добро знае за тоа, а знаеме и ние. Би сакал да го видам во подобра форма. Мора да се докаже ако сака да се врати во тимот“, изјави Тионе.

Тренерот на Вердер се наврати и на најдобрите денови на Бонифејс: „Неверојатно е дека е истиот играч кој блескаше во сезоната кога Баер Леверкузен со Чаби Алонсо го освои трофејот. Од повредата која тогаш ја претрпе, повеќе не е истиот играч. А беше на чекор до тоа да стане засилување за Милан.“

Тионе додаде дека играчот не е подготвен за поголем напор. „Се разбира дека би сакале да го видиме во подобра физичка состојба. И тој самиот знае дека не е подготвен за повеќе од неколку минути на теренот. Никој не може да негира дека носи неколку килограми вишок.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вест за Гвардиола направила хаос во Сити, Пеп морал да се извинува!

Тренерот на Манчестер Сити е во гнев бидејќи веста за неговото заминување од клубот се раш…