
По неуспехот на Италија да се квалификува на Светското првенство по трет пат по ред, се очекува селекторот на репрезентацијата, Џенаро Гатузо, да го напушти тимот. Легендарниот Фабио Капело го повика да почека до следните два натпревари пред да донесе конечна одлука, истакнувајќи дека неуспехот е последица на индивидуална грешка.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Откако претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, и шефот на делегацијата, Џанлуиџи Буфон, поднесоа оставки, многумина очекуваат дека истото ќе го направи и Гатузо. Сепак, Капело му советува одлуката да ја одложи до јуни.
„Да не заборавиме дека ја презеде репрезентацијата кога квалификациите со Лучијано Спалети веќе беа започнати и успеа да внесе карактер и решителност во тимот. За жал, и тоа е тажно да се каже, цената ја плативме поради елементарна индивидуална грешка на играчот, инаку веројатно ќе се вратевме со позитивен резултат”, истакна трофејниот поранешен тренер на Милан, Рома, Јувентус и Реал Мадрид и некогашен селектор на Англија и Русија.