
Во Англија е прогласен за еден од 50 најдобри фудбалери на сите времиња, но ја отфрли својата ќерка пред јавноста!
Поранешниот англиски фудбалер, Дејвид Дан, се најде во центарот на вниманието поради семејна ситуација која предизвика многу јавна дискусија.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Некогашниот среден играч на Блекбурн Роверс, кој има играше и за репрезентацијата на Англија, ја прекинал комуникацијата со својата ќерка Миа.
Станува збор за 19-годишната Миа Винвард-Дан, која одлучи да снима содржина за возрасни на платформата OnlyFans.
Според нејзините изјави, оваа одлука довела до целосно прекинување на односите со родителите.
“Сакав да се поврзам повторно со татко ми, но ми упати навредливи зборови за време на разговорот,” рече Миа.
Таа додаде дека нејзините родители одлучиле да прекинат секоја комуникација.
“Пробав да објаснам, но ме навредуваа и ми го блокираа бројот.”
Истакнува дека е свесна за својата одлука и стои цврсто зад неа.
“Им реков дека тоа не значи дека сум лоша личност. Имам 19 години и одлучив да работам нешто свое.”
Таа спомнува и дека нејзината работа носи значајни приходи, што според нејзините зборови достигнува и околу 100.000 фунти месечно.
Дејвид Дан во текот на кариерата беше симбол на Блекбурн, за кој одигра 377 натпревари и постигна 58 голови.
Во еден период беше еден од најдобрите средни играчи во Англија.