Дома Фудбал Халанд купи нова скапа играчка – сега возниот парк му вреди 12 милиони евра!

Халанд купи нова скапа играчка – сега возниот парк му вреди 12 милиони евра!

Станува збор за посебна и последна верзија од С-класата, создадена во соработка со Вирџил Абло, покојниот креативен директор на Луис Витон, кој почина во 2021 година на 41-годишна возраст. Овој автомобил беше довршен пред неговата смрт и денес претставува баран колекционерски примерок на пазарот на луксузни користени возила.

Лимузината се одликува со препознатлива двобојна надворешност, при што горната половина е во сјајно црна боја додека долниот дел од каросеријата, страничните линии и тркалата се во песоклив тон. Логото на Абло е присутно на централната конзола, назадните перници, наслоните за глава и праговите на вратите, а дигиталниот интерфејс располага со специјално копче “home” и ознаки што потврдуваат дека е во прашање ограничено издание.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Моделот е со волан од левата страна и има моќен 6.0-литров V12 битурбо мотор, со максимална брзина од 250 км/ч. Забрзува до 100 км/ч за околу 4.5 секунди и е опремен со погон на сите тркала.

Ако информациите за неговата плата се точни, напаѓачот на Манчестер Сити овој автомобил би можел да го зараб за помалку од една недела, бидејќи се наведува дека неделно заработува околу 575 илјади евра.

Покрај овој Maybach, во неговата гаража наводно се наоѓаат и Aston Martin DBX 707 (посебна едиција за безбедносни автомобили на Формула 1) со вредност од околу 400 илјади евра, Rolls-Royce Cullinan вреден околу 350 илјади фунти и Porsche 911 GT3 со вредност од малку помалку од 200 илјади евра. Тука се и Mercedes AMG, Ferrari Monza SP2, Range Rover Sport, Audi RS6 Avant Quattro…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бившо крило на Јувентус: Левандовски би бил совршен за тимот

Поранешното крило на Јувентус, Даглас Коста, му го препорача клубот на некогашниот соиграч…