
Бартомеу, поранешниот претседател на Барселона, објасни кој всушност стои зад неочекуваното заминување на Лионел Меси во 2021 година.
Лионел Меси во 2021 година официјално се раздели со Барса и замина во Париз. Главната причина за ова беше сериозните финансиски проблеми во Каталонија, кои доведоа до неговото напуштање како слободен играч. Поранешниот претседател на клубот откри кој навистина стои зад овој излез.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Од друга страна, актуелниот претседател на „блауграна“, Жоан Лапорта, нагласи дека Бартомеу и претходното раководство се виновни за напуштањето на Меси, бидејќи нивното управување довело до финансиска катастрофа.
Бартомеу ги отфрли овие обвинувања:
Не е наследството виновно. Виновен е финансискиот фер-плеј, затоа што новото раководство ги зголеми загубите до 555 милиони. Кога Лигата го доби тој извештај, одлучи да изврши друга ревизија и сметаше дека загубите не се толку големи, бидејќи постојат провизии во вредност од 283 милиони. Но, Барса реши да ја задржи својата проценка, Лигата го примени тоа и клубот го загуби финансискиот фер-плеј, кој сè уште не е обновен. Да ги направеа потребните чекори, Лео Меси би можел без проблеми да го продолжи договорот и да се донесат нови играчи.