
Поранешниот владетел на средната категорија на УФЦ, Исраел Адесања, забележа четврти последователен пораз. Него синоќа во Сиетл во втората рунда го нокаутира Џо Паифер.
Исраел Адесања веќе три години не знае што е победа. Откако по втор пат го освои појасот на шампионот во средната категорија со сензационален нокаут против Алекс Переира, новозеландскиот борец од тој момент поминува низ навистина тежок период и синоќа го запиша својот четврти последователен пораз, а вкупно шести во кариерата.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Во главната борба на вечерта на УФЦ настанот во Сиетл, тој беше поразен од Џо Паифер. Мечот беше завршен во втората рунда кога судијата го прекина мечот по низа тежки удари.