Дома Фудбал Поранешниот репрезентативец на Англија го „пецна“ Роналдо: Кога легне да спие помисли „ Би сакал да бидам добар како Меси“

Поранешниот репрезентативец на Англија го „пецна“ Роналдо: Кога легне да спие помисли „ Би сакал да бидам добар како Меси“

Џо Кол, поранешен англиски репрезентативец, изјави дека ривалството со Лионел Меси одиграло клучна улога во успехот на Кристијано Роналдо, покажувајќи дека Португалецот сè уште се стреми да го достигне нивото на аргентинската ѕвезда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според негово мислење, желбата на Роналдо да го надмине Аргентинецот, со кого разви интензивно ривалство додека настапуваше за Реал Мадрид, значително влијаеше на текот на неговата кариера.

Сметам дека секој фудбалер, без разлика колку трофеи освоил, треба да се соочи со некакво каење. Мислам дека Роналдо веројатно си легнува секоја ноќ мислејќи: “Сакам да сум добар како Меси…”. Верувате што сакам да кажам – изјави поранешниот англиски репрезентативец за TNT Sports.

Разговорот продолжи со Глен Ходл, уште еден екс-репрезентативец и селектор на Англија, кој го праша што би мислел Меси, Кол, шеговито одговори:

Меси е добар. Тој е единствениот кој стигна таму, сè има постигнато. Да, тој добро спие. А ние останатите… Бидејќи за да се игра на врвното ниво, треба да си таков. – нагласи поранешниот играч на Челзи, Ливерпул и Вест Хем.

Ходл, кој има 53 настапи за репрезентацијата на Англија како играч и ја водеше како селектор меѓу 1996 и 1998 година, ја затвори размената на мислења со шеговит тон:

Мислам дека Меси си мисли: ‘Камо да сум имал неколку ноќни авантури како Марадона.’

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА игра своја игра: САД домаќин и на мундијалот 2038 година?

Соединетите Американски Држави разгледуваат можност да аплицираат за домаќин на Светското …