Дома Останати Тенис Синер гази, брка подвиг каков што никој не направил девет години!

Синер гази, брка подвиг каков што никој не направил девет години!

Италијанскиот тенисер Јаник Синер оствари победа над Александар Зверев со резултат 2:0, со сетови 6:3 и 7:6(4), и се пласираше во финалето на Мастерс 1000 турнирот во Мајами.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Синер е голем фаворит за освојување на така наречениот „саншајн дабл“ односно, двојниот трофеј поради триумфот во Индијан Велс претходно овој месец (Мастерсите во Индијан Велс и Мајами).

Синер е сега само една победа далеку од тоа да стане првиот човек од периодот на Роже Федерер во 2017 година, кој го комплетира трофејниот „саншајнд дабл,“ победувајќи во Индијан Велс во калифорниската пустина и на Мајами Опен на јужна Флорида во истата сезона.

Ова е за фантастичниот Синер 11-та последователна победа и тој е голем фаворит против 22. тенисер на светот во финалето. Финалето е закажано за утре во 19:30 часот. Лехечка, да потсетиме, во полуфиналето го совлада францускиот тенисер Артур Филс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Призна и Надал: Ѓоковиќ е најдобар во историјата (Видео)

Поранешниот шпански тенисер Рафаел Надал проговори за важноста на бројките кога станува зб…