Дома Фудбал Легендарниот Рој Хоџсон се врати и на 78 години ќе води клуб од Чемпионшип!

Легендарниот Рој Хоџсон се врати и на 78 години ќе води клуб од Чемпионшип!

Англискиот фудбалски стручњак Рој Хоџсон, по две години пензија, повторно ќе го води Бристол Сити до крајот на актуелната сезона, објави денеска клубот од англиската втора лига.

По смената на австрискиот тренер Герхард Штрубер, Хоџсон повторно го презема тимот на познатите „црвендила“, каде што работеше во 1982 година.

На само пет кола до завршувањето на сезоната Бристол Сити е на 16-то место на табелата во Чемпионшип. Тимот нема шанси да се бори за пласман во плејофот за влез во Премиер лигата, но е осигурана и од испаѓање во понизок ранг. Последен пат Хоџсон работеше како тренер на Кристал Палас во сезоната 2023/24.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германија не се истакна во дебито на Клоп, но беше на секунди од победа во Амстердам

Холандија и Германија одиграа 1:1 во натпревар од групата 2 во најсилната дивизија на Лига…