Дома Фудбал Аларм во Бразил: Рафиња се повреди!

Аларм во Бразил: Рафиња се повреди!

Напаѓачот на Барселона се здоби со повреда што предизвика загриженост кај навивачите на бразилската репрезентација откако го напушти натпреварот на полувреме.

Рафиња беше заменет на полувремето од пријателскиот натпревар меѓу Бразил и Франција, одигран во четвртокот на “Гилет Стадионот” во Фоксборо, кој заврши со победа на Франција од 2:1. Причината за замената беше болка во мускулите на десната нога, што предизвика загриженост како во таборот на бразилската репрезентација, така и во Барселона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според информациите од Бразилската фудбалска федерација, напаѓачот почувствувал непријатност која го принудила да се повлече од играта во второто полувреме. Поранешниот играч на Лидс ќе биде подложен на медицински прегледи овој петок за да се утврди сериозноста на повредата.

Оваа ситуација претставува проблем за селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, кој тешко дека ќе може да смета на овој напаѓач за следниот натпревар што ќе се игра во вторник против Хрватска во Орландо.

Да потсетиме, ова не е прв пат Рафиња да се соочи со мускулни проблеми во десната нога оваа сезона. Неодамна, играчот пропушти три натпревари за Барселона од истата причина. Тогаш беше заменет на полувремето на натпреварот од Ла Лига против Елче, а потоа не играше на средбите со Албасете во Купот на кралот, со Мајорка во првенството и против Атлетико Мадрид во првиот натпревар од полуфиналето на купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Големиот Капело ги потцени Босанците: Велс ќе беше потежок противник!

Легендарниот италијански стратег Фабио Капело, во едно широко интервју за угледниот Gazzet…