Дома Останати Ракомет Одреден распоредот на ракометарите: Завршуваме со Грција дома!

Одреден распоредот на ракометарите: Завршуваме со Грција дома!

Македонската ракометна репрезентација го дозна својот пат кон Европското првенство во ракомет 2028, откако вчерашната ждрепка ги одреди противниците во квалификациската група. Нашите ракометари ќе се соочат со селекциите на Шведска, Грција и Луксембург.

Познат е и распоредот на натпреварите, а Македонија квалификациите ќе ги отвори пред домашната публика против Луксембург. Интересно е што и последниот натпревар од циклусот, во мај 2027 година, ќе го играме на свој терен.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Распоредот изгледа вака:

  • Прво коло (5/6 ноември 2026): Македонија – Луксембург
  • Второ коло (8/9 ноември 2026): Грција – Македонија
  • Трето коло (10/11 март 2027): Македонија – Шведска
  • Петто коло (5/6 мај 2027): Луксембург – Македонија
  • Шесто коло (9 мај 2027): Македонија – Грција

Според пропозициите, директен пласман на континенталниот собир ќе обезбедат првите две селекции од секоја група, додека дополнителни четири места ќе им припаднат на најуспешните третопласирани репрезентации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија ќе се бори со Грција и Шведска за пласман на ЕП 2028

Македонската ракометна репрезентација ги дозна своите противници во квалификациите за плас…