
Годинешниот Мастерс во Мадрид ќе донесе една невообичаена и интересна новина – тениските играчи за време на турнирот ќе можат да се подготвуваат на терени поставени на стадионот Сантјаго Бернабеу.
Официјалната потврда од организаторите гласи дека од 23 до 30 април, од четвртокот на првата недела од турнирот до четвртокот на втората, на познатиот стадион на Реал Мадрид ќе бидат подготвени тениски терени како исклучиво тренинг места.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Во текот на тој период, кралскиот клуб нема закажано натпревари, па просторот ќе се пренамени за потребите на турнирот. Оваа одлука треба значително да ја олесни логистиката за играчите, бидејќи официјалниот хотел, каде што ќе престојуваат најголем дел од тенисерите, е на само минута возење од стадионот.
Очекувањата се дека оваа идеја ќе предизвика голем интерес како меѓу тенисерите, така и меѓу љубителите на спортот. Ѓоковиќ, Синер, Алкараз – на Сантјаго Бернабеу, зошто да не…