Дома Фудбал Бернардо Силва и Меси во заеднички проект? Американската авантура би можела да стане реалност

Бернардо Силва и Меси во заеднички проект? Американската авантура би можела да стане реалност

Интер Мајами наводно покажува интерес да го донесе португалскиот репрезентативец без отштета следното лето.

Бернардо Силва планира да се раздели со Манчестер сити на крајот од актуелната сезона, со намера да не го продолжи договорот со англискиот тим. Португалскиот играч од средината на теренот, кој е меѓу капитените на Граѓаните, ќе го заврши својот осмогодишен престој во Англија, а неговата иднина веќе предизвикa интерес кај многу клубови.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според пишувањата на италијанскиот “Газета дело спорт”, еден од најзагреаните за услугите на португалскиот репрезентативец е Интер Мајами. Американскиот клуб, на чело со Дејвид Бекам, планира да го ангажира Бернардо Силва без отштета во текот на летото.

Проектот на Интер континуирано се развива во американскиот фудбал, по освојувањето на MLS лигата минатиот декември. Можноста да се приклучи на ѕвезди како Лионел Меси и Луис Суарез може да ја направи оваа дестинација исклучително примамлива за 31-годишниот фудбалер.

И покрај неизвесноста за неговата иднина, Бернардо Силва останува клучна фигура во екипата на Пеп Гвардиола. Во оваа сезона има одиграно 30 натпревари во Премиер лигата, од кои 26 како стартер. Да потсетиме, и покрај елиминацијата од Реал Мадрид во Европа, португалскиот играч неодамна го освои англискиот Лига куп против Арсенал, што е негов 17-ти трофеј откако пристигна во Англија. Неговата колекција на трофеи вклучува шест титули од Премиер лигата, пет Лига купови, две куп натпреварувања, три Суперкупа и една титула од Лигата на шампионите.

Покрај Интер Мајами, клубови како Галатасарај, Јувентус и Барселона исто така покажаа интерес за играчот во последните месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Последниот танц“ на Меси во татковината – навивачите бесни поради цената на билетите

Легендарниот Лео Меси ќе игра во дресот на Аргентина последен пат пред домашната публика н…