Дома Тенис Новак не е недопирлив: Синер продолжува да доминира на мастерсите и го урна рекордот на Ѓоковиќ

Новак не е недопирлив: Синер продолжува да доминира на мастерсите и го урна рекордот на Ѓоковиќ

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во осминафинале на турнирот во Мајами, откако ноќеска го победи 33. играч во светот Французинот Карантен Муте со две серии, 6:1, 6:4 и стана првиот играч кој освои 26 последователни сетови во историјата на мастерс турнирите.

Вториот играч во светот победи по 71 минута. Трипати го одзеде сервисот на противникот, кој не успеа да направи ниту еден брејк.

Синер така освои 26 последователни сетови на мастерсите и го претекна српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој го држеше рекордот со 24.

Италијанецот со победата во минатото коло го изедначи рекордот на Ѓоковиќ, а сега е на врвот. Зад него останаа Шпанецот Карлос Алкарас (21), повторно Ѓоковиќ (19) и Британецот Енди Мареј (18).

„Многу сум среќен. Овој спорт е непредвидлив и постојано се обидуваме да ја задржиме концентрацијата колку што можеме, ќе видиме што ќе биде во следното коло”, изјави Синер. Неговата серија започна минатиот ноември на мастерсот во Париз. Синер во осмина финалето ќе игра против Американецот Алекс Микелсен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Милиќ експресно до четвртфинале во Јапонија, сега го чека првиот носител

Деветнаесетгодишниот српски тенисер загуби само три гема во Мацујама, а за полуфинале ќе с…