Дома Фудбал Николов: Тука сме да ја изненадиме Данска, притисокот е на нивна страна!

Николов: Тука сме да ја изненадиме Данска, притисокот е на нивна страна!

Maкедонската фудбалска репрезентација ги одработува подготовките за Светското првенство, а изјава за медиумите денеска даде Бобан Николов.

Николов по подолго време повторно доби повик и се најде на првиот список кај селекторот Гоце Седлоски.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Сите знаеме што значи да се игра за репрезентација. Тоа не може да се спореди со ништо, играш за својата држава и ја претставуваш. Се надевам дека ќе биде одлично и дека со моето искуство, заедно со сите во тимот, ќе придонесам да стигнеме до посакуваната цел.

Искрено верувам дека можеме. Нормално е да се надеваме, а ако ни е денот, можеме и да изненадиме. Сите веруваме и дојдовме тука со таа цел. Нема да се предадеме, ако сите одиграме на највисоко ниво, можеме да сонуваме за пласман. Прво размислуваме за Данска, тоа е најважниот натпревар. Притисокот е на нивна страна, а ние немаме што да изгубиме, можеме само многу да добиеме. Ќе влеземе смирено, ќе го оставиме срцето на терен, па што биде нека биде.

Селекторот носи агресија и силна мотивација. Знае како да ги поттикне играчите и мислам дека тоа е голем плус за нас. Ако таа енергија се пренесе на терен, можеме многу да постигнеме.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкупи против Башкими даде два еврогола во две минути! (Видео)

Шкупи сезонава игра очајно и ретко постигнува голови, но ќе ги има едни од најубавите во с…