Дома Фудбал Панчев верува: Македонија може против Данска!

Панчев верува: Македонија може против Данска!

Легендарниот македонски напаѓач Дарко Панчев е оптимист пред клучниот бараж дуел со Данска за место на Светското првенство 2026, нагласувајќи дека и покрај фаворитската улога на противникот – изненадувањата се секогаш можни.

Панчев се наврати на времињата кога тој ја предводеше репрезентацијата, потсетувајќи на дуелите со тогашниот европски шампион Данска во квалификациите за ЕП 1996. Во Скопје, Македонија одиграла силен натпревар и ремизирала, но според него, натпреварот можел да има поинаков тек доколку не бил исклучен.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Одигравме квалитетно, но црвениот картон ни го отежна патот. Примивме гол во самиот финиш, а чувството беше дека можевме и до победа“, се потсети Панчев во интервјуто за „Флешскор“.

Во реваншот во Копенхаген, Данците стигнаа до минимален триумф, повторно во завршницата, што само покажува дека разликата не била голема.

Според Панчев, сегашната генерација треба да влезе растеретено во натпреварот.

„Кога немаш што да загубиш, играш послободно. Притисокот е кај Данска, а тоа знае да биде меч со две острици. Ако нашите фудбалери веруваат, шансата ќе се појави“, вели тој.

Доколку Македонија направи подвиг во Копенхаген, во финалето од баражот ќе ја чека победникот од дуелот меѓу Чешка и Република Ирска. Панчев смета дека Ирците повеќе би ни одговарале како противник.

„Чешка има покреативен пристап и знае да создава проблеми. Ирска игра поедноставно, со долги топки и дуели, што можеби повеќе ни лежи“, заклучува легендата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еве која е девојката која заврши во прегратката на Пеп по победата во Карабао Купот (Видео)

Синоќа финалето од Карабао купот го одиграа екипите на Манчестер Сити и Арсенал, а Граѓани…