
Лука и Лејкерси стигнаа до нова победа, Лук Кенард во последната секунда со тројка го преврти мечот во Флорида, па првото место на вечната листа по број одиграни натпревари (вкупно 1612) Лејкерси го прославија со победа.
„Кралот Џејмс“ го сруши рекордот на „Шефот“ Периш стар триесетина години. Дончиќ постигна 33 поена, исто така доби и 16. техничка грешка по конфликтот со Гога Битадзе, па автоматски ќе паузира на следната средба против Пистонс во Детроит утре вечер. Инаку, Лејкерсите се во серија од девет победи.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
ЛаМело вбризга седум тројки за 29 поена против Мемфис, Шарлот во последните два месеци има скор 21-6, навистина се променија, младиот тим на Хорнетс лета, ќе пробаат по пет години да се вратат во плеј-оф. Во првиот натпревар од денот шампионот Тандер го совлада Вашингтон, Шај со 40 поени беше енигма за тимот на Вукчевиќ. Србиновски доби дваесетина минути, нереализираше многу шанси, заврши со шест поена и седум скокови.
Кливленд го помина Луизијана, „Брадата“ се разбуди на време, сите 20 поени Хардн ги даде во последната четвртина. Мичел броеше до 27, Кавси ја добија последната четвртина со 35:18 и така го прекршија мечот. И покрај проблемите со пеналите, Зајон беше најефикасниот во редовите на Пеликанс со 25 поена.
Одличен настап на Австралиецот Дајсон Даниелс, 27 поени за Атланта, 12. победа на Хокс во 13 натпревари, жртва беше десеткуваниот Голден Стејт. Дурант со 27 поена го помина Мајкл Џордан на петтото место на вечната листа на стрелци, уживаше во победата, одлуката падна врз Ејмен Томпсон. Тој го поправи промашувањето на Дурант во последната секунда за победа на Хјустон против Мајами. Јовиќ одигра помалку од четири минути, три промашувања, имаше само еден скок.
LUKE KENNARD GAMEWINNING THREE!!!!!!!!!🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥
— LakeShowYo (@LakeShowYo) March 22, 2026
pic.twitter.com/AT8pXIrwEc