Дома Останати Кошарка Дончиќ објасни зошто не сака да плаќа алиментација за децата

Дончиќ објасни зошто не сака да плаќа алиментација за децата

Словенечкиот кошаркарски ас, Лука Дончиќ, во последните недели игра можеби најдобра кошарка во кариерата, додека истовремено се соочува со најголемите предизвици во својот приватен живот.

На сите им е познато дека Дончиќ раскина со Анамарија Голтес, неговата поранешна свршеница и мајка на неговите две ќерки, а правната борба помеѓу нив започна.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Според американските медиуми, Дончиќ одбива да плаќа алиментација за неговите ќерки, а наводно ѝ порачал на поранешната свршеница да погледне во карта пред да поднесе документи за алиментација за децата.

Имено, Дончиќ алудира на фактот дека Анамарија ги поднела документите на суд во Калифорнија, иако таа со децата живее во Словенија, што е и суштината на целата компликација во нивниот однос.

Лука и неговата правна застапничка Лаура Васер нагласуваат дека тој не е резидент на Калифорнија, како ни нивните ќерки Оливија и Габриела. Тој вели дека со месеци се обидувал да ја убеди Анамарија да се пресели во Калифорнија со нивните деца, но таа упорно одбива, откако се вратила во Словенија минатиот мај.

Ѕвездата од Лос Анџелес Лејкерс истакнува дека, пред Анамарија да ги поднесе документите за издршка овој месец, тој веќе во февруари поднел барање во Словенија кое се однесува на старателство и издршка на децата.

Истовремено, извонредниот кошаркар изјавува дека веќе ги покрива сите трошоци за двете ќерки, двегодишната Габриела и четиримесечната Оливија. Иако, за него финансиите не се проблем, со оглед на тоа што има тригодишен договор вреден 165 милиони долари.

Лука и неговата адвокатка прокоментираа дека поднесувањето на документите во Калифорнија од страна на Анамарија е „јасен обид за избор на поповолни законски услови и искористување на великодушните алиментации по кои Калифорнија е позната“.

Откако ги раскина веридбите, Лука за ESPN изјави: “Сè што правам е за среќата на моите ќерки и секогаш ќе се борам да бидам со нив и да им обезбедам најдобар можен живот.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лука Дончиќ бара од судот да ја отфрли алиментацијата

Лука Дончиќ, еден од најдобрите кошаркари на денешницата, се најде во центарот на правна д…