
Поранешниот играч од средниот ред на Барселона, Паулињо, сподели како започнал да сонува за престојот во каталонскиот клуб, со неочекуваниот пристап на Лионел Меси за време на пријателски натпревар.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Бразилецот се присети на мигот кога познатата ѕвезда на Аргентина му пристапила за време на пријателскиот натпревар помеѓу Бразил и Аргентина во Австралија.
– Го погледна во очи и праша: “Па, доаѓаш ли во Барса или не?” Тоа беше сè, без никакво објаснување, ништо. Потоа се заврте и си замина — раскажа играчот.
Првата реакција на Паулињо беше изненадување и неверување.
– Немав време да размислам. Едноставно му кажав: “Ако ме сакаш, доаѓам!” Играв во кинеската Суперлига, а никој не веруваше дека Барса е заинтересирана за мене — објасни тој.
Бразилецот призна дека првично помислил дека „Меси се шегува“ за да му ја наруши концентрацијата за време на натпреварот. Сепак, бидејќи се работеше за пријателски натпревар, почна да се двоуми околу таа теорија. Неизвесноста беше толкава што, веднаш по завршувањето, Пaулињо веднаш се обратил до својот менаџер.
– Му реков: “Луд сум! Кажи ми дали ова е вистина или не!” — се потсети тој, а потврдата стигнала месец подоцна:
– Моjот агент ми јави и рече: “Договорот е склучен. Потребно е да дојдеш во Барселона за да потпишеш документи”.