Дома Фудбал Фудбалер на Рома преживеал драма: Среде ноќ дома му влегле разбојници, го заклучиле и во соба!

Фудбалер на Рома преживеал драма: Среде ноќ дома му влегле разбојници, го заклучиле и во соба!

Играчот на Рома, Нил Ел Ајнауи, и неговото семејство беа жртви на кражба во раните утрински часови во нивниот дом во Рим, пренесоа италијанските медиуми.

Според информациите на весникот Газета дело Спорт, шестмина вооружени крадци се влегле во куќата на Ел Ајнауи околу три часот наутро. Тие влегле преку прозорецот на дневната соба, откако ги отстраниле заштитните решетки.

Фудбалерот на Рома се разбудил прв поради бучавата и заедно со мајка му, брат му и нивните партнери биле заклучени во соба, додека разбојниците украле накит вреден околу 10.000 евра..

Ел Ајнауи не е првиот фудбалер на Рома или Лацио што бил мета на слични кражби. Изминатите години, провалници влегле и во домовите на Весли, Крис Смолинг, Кристијан Панучи и Филип Мексес.

Тој веднаш го информираше клубот за инцидентот и нема да тренира со тимот пред реваншот од осминафиналето во Лигата на Европа против Болоња, што ќе се одржи во четврток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мајкл Керик е оптимист: Ќе го надминеме ова!

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, изрази верба дека неговиот тим ќе успее да го…