Дома Боречки спортови Тајсон открива детали за новата борба против Мејведер: Познато е колку ќе заработи

Тајсон открива детали за новата борба против Мејведер: Познато е колку ќе заработи

Легендарниот Мајк Тајсон откри нови детали за сензационалната борба против Флојд Мејведер која би можела да стане еден од најголемите боксерски настани на годината.

Познатиот боксер потврди дека веќе има потпишано договор за мечот кој би требало да се одржи на 25 април во Африка. Доколку се реализира, боксерскиот свет ќе добие пресметка каква што ретко се среќава.

Според планот, дуелот би можел да трае осум рунди. Финансискиот аспект на приказната исто така е импресивен.

Според пишувањето на „International Business Times“, и двата борци за овој спектакл треба да заработат огромни хонорари.

Се наведува дека секој од нив би можел да инкасира околу 15,3 милиони фунти. Ова е уште еден доказ за колкав интерес постои за потенцијалниот дуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Боречки спортови

Проверете

Консевич го отвора македонскиот настап во Астана, шестмина борачи чекаат ред

Вероника Консевич денеска се соочува со Нигеријката Адијат Идрис во категоријата до 55 кил…